logo
logo
logo

ВЕТО ОД СЛОВАЧКА ЗА НОВИ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА

Vecer | 04.09.2026

ВЕТО ОД СЛОВАЧКА ЗА НОВИ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА

Словачката влада денеска го отфрли продолжувањето на пакетот индивидуални санкции на Европската унија против Русија, изјавија тројца дипломати за Политико.

Санкциите, кои досега беа многупати продолжувани за шест месеци, истекуваат на 15 септември, а во Брисел се надеваа дека ќе обезбедат подолго продолжување и ќе избегнат повторени преговори, но секој амандман бара едногласна поддршка од сите 27 земји-членки.

Шестомесечниот циклус на обновување на санкциите беше компромис, чија намера беше да се задоволи поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, кој го искористи секое продолжување за да добие некои отстапки, пишува Политико.

Претставниците на 27 земји денес не успеаја да најдат заеднички јазик, а единствено Словачка беше воздржана.

Портпаролот на словачката влада одби да коментира и сподели соопштение од Министерството за надворешни работи во кое се вели дека „дискусиите за редовниот шестмесечен преглед на режимот на санкции се во тек и се очекува да бидат завршени до 15 септември“.

Денес беше дискутирано и за додавање на уште 27 поединци и компании на листата на санкции и за замрзнување на сите нивни средства во ЕУ.

Европската Унија има две рамки на санкции за Русија – индивидуални и економски. Првично, обете мораа да се обновуваат на секои шест месеци, но економските санкции беа продолжени на 12 месеци во јуни, откако Орбан ја напушти функцијата, и сега ќе бидат на сила до јули 2027 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk