logo
logo
logo

Ужас на свадба: Најмалку 22 загинати во пожар на свадбената веселба

Vecer | 06.09.2026

Ужас на свадба: Најмалку 22 загинати во пожар на свадбената веселба

Најмалку 22 лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар што избувна за време на свадба во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, изјави градоначалникот на Лингвала, Норберт Мусинга.

Мусинга им изјави на новинарите дека бројот на жртви од 22  е привремен и може да се зголеми, според АП.

Точната причина за пожарот сè уште не е позната.

„Ова е трагедија“, рече заменик-премиерот и министер за внатрешни работи на Конго, Жакмен Чабани, кој го посети местото на несреќата.

Смртоносните пожари се чести во густо населените области на Киншаса, каде што урбаниот развој често се одвива без соодветна инфраструктура, вклучително и противпожарни служби, објасни АП.

Според локалните медиуми, пожарите се особено чести за време на сувата сезона, а неколку вакви инциденти се случија во Конго оваа година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk