Неколку дена пред важните покраински избори на кои, според рејтинзите, фаворит е опозиционата партија АфД во Германија се откриени и гласно коментирани неколку случаи на спречен терорирзам за кој се обвинува Русија. АфД во својата политика има јасен став за прекин на германското финансисрање на Украина во украинско руската војна.
Полицијата во германската покраина Саксонија пронајде 12 рачно изработени експлозивни направи на далноводи, спречувајќи обид за напад врз електричната мрежа во областите Бауцен и Герлиц.
Експлозивни направи беа деактивирани на две трафостаници, како што објави полициската управа на Герлиц и канцеларијата на јавниот обвинител во Дрезден.
Како мерка на претпазливост, потрагата по енергетската инфраструктура продолжува, објави радиото Дојчефунк.
Властите во Саксонија велат дека истражуваат можна врска со слични случаи на експлозивни направи откриени во Бранденбург и Северна Рајна-Вестфалија.
Се бара осомничениот кој ја презеде одговорноста за овие напади врз системот за снабдување со електрична енергија, а истражителите пронајдоа експлозиви во станот на 48-годишникот.
Во писмото со кое ја презема одговорноста, осомничениот наводно се изјаснил против производството на електрична енергија од фосилни горива.
Во меѓувреме, полицијата во Ерфурт, главниот град на Тирингија, соопшти дека е пронајдена сомнителна рачно изработена експлозивна направа на поле.
Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт во овој контекст зборуваше за климатскиот тероризам, додека министерот на Северна Рајна-Вестфалија, Ројл, исто така, ги осуди нападите.
„Секој што го загрозува снабдувањето со електрична енергија на болниците не ја штити климата, туку ги загрозува животите“, рече овој политичар од ЦДУ.
Во вторник наутро, непознати лица користеа импровизирани летачки уреди, слични на ракети со огномет, за да насочат спроводлив материјал кон високонапонски далноводи и предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата