Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка – притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни (3,2 милиони долари), објави „Укринформ“ повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски.
Судијата Ногачевски, пренесува ДПА, денеска пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 дена, со можност за ослободување со кауција.
Јермак се соочува со обвиненија за перење пари. Тој и пет други осомничени се обвинети дека се дел од организирана група, која наводно испрала речиси девет милиони евра (10,6 милиони долари) поврзани со луксузен градежен проект во близина на Киев, појаснува ДПА.
Јермак категорично ги негира обвинувањата изјавувајќи дека нема финансиски средства да ја плати кауцијата, која е еквивалентна на 2,72 милиони евра.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата