Тензиите во регионот на Црното Море продолжуваат да растат откако романските водухопловни сили соборија уште еден дрон кој неовластено влегов во водушниот простор на земјата. Ова е трет ваков инцидрнт во последните три дена, по што Букурешт најави дека ќе упати дипломатски протест до Москва.
„Дронот беше безбедно уништен во националниот воздушен простор над територијалните води“, соопшти Министерството за национална одбрана.
Романскиот претседател, Никушор Дан, изјави дека земјата ќе поднесе дипломатски протест до Москва поради нарушувањето на воздушниот простор на Романија.
„Им честитам на романските пилоти и на копнените тимови за професионалноста, храброста и ефикасноста со која ги извршуваат своите мисии. Со своите активности тие придонесуваат за заштита на националната територија и безбедноста на граѓаните“, напиша Дан на Фејсбук.
Тој соопшти дека првиот дрон, соборен во петокот во југоисточниот округ Бузеу, бил од типот „Шахед“ што, според романските власти, го користат руските сили во кампањата против Украина.
„Според истрагата спроведена од Главното обвинителство, соборениот дрон во петокот наутро бил тип ‘Шахед’, користен од Руската Федерација во агресивната војна против Украина. Истрагите за соборените дронови вчера и денеска продолжуваат“, наведе романскиот претседател.
Тој оцени дека е „недозволиво и неприфатливо Руската Федерација да продолжи да го нарушува воздушниот простор на Романија, кој истовремено е воздушен простор на НАТО и Европската Унија“.
„Таквите дејствија се неприфатливи и кон нив се однесуваме со целосна сериозност, заедно со нашите сојузници“, додаде Дан
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата