logo
logo
logo

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Vecer | 20.07.2026

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Двајца војници беа убиени во Јордан, а еден во Ирак. Централната команда на САД (Centcom) потврди дека започнала „нов бран“ напади, деветта ноќ по ред, додека експлозии се слушале низ целиот Иран, пишува Би-Би-Си.

Воени цели

САД тврдат дека целите на нападот биле воени објекти и комуникациски мрежи, што има за цел дополнително да ја ослаби способноста на Техеран да напаѓа бродови во Ормутскиот теснец. Иран објави дека одговорил со „изненаден напад“ во Сирија и дека ги таргетирал американските авиони на аеродромот Акаба во Јордан.

Во исто време, кувајтските вооружени сили објавија дека пресретнале ирански беспилотни летала. Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним објави дека неколку градови биле погодени во американските напади, вклучувајќи ги Тебриз, Чабахар, Конарак, Бандар Махшахр и Бандар Имам Хомеини.

Тензии во Ормутскиот теснец

Иранските државни медиуми, исто така, објавија за експлозијата на два танкери за нафта додека се обидувале да поминат низ теснецот. Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека танкерите користеле, според нив, „небезбедна и опасна јужна рута“ и дека „експлодирале и биле запрени“. Централната команда на САД ги оспори овие тврдења.

ИРГЦ додаде дека теснецот „нема да биде безбеден за премин на петрохемиски производи, па дури ни за капка нафта и гас“ сè додека продолжуваат нападите на САД. Тие најавија дека ќе одговорат со „казнена операција“.

Загуби и дипломатски напори

Во текот на викендот, САД ја потврдија смртта на еден војник во ирански напад во северен Ирак во саботата. Еден ден претходно, двајца американски војници беа убиени во напад врз база во Јордан, а еден е исчезнат. Американската војска објави дека се пронајдени „неидентификувани останки“ и дека процесот на идентификација е во тек.

Додека нападите продолжуваа, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека „САД секогаш остануваат отворени за дипломатско решение“. Во исто време, тој рече дека „светот мора да одлучи дали да дозволи меѓународниот воден пат да биде под контрола“ на Иран и истакна дека Техеран го користи овој клучен морски пат како средство за притисок.

Коментарите на Рубио доаѓаат откако прелиминарниот договор за прекин на конфликтот, кој беше постигнат кон средината на јуни, пропадна. Разговорите за траен мир не напредуваа откако претседателот Трамп го прогласи договорот за „завршен“ на 8 јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk