Во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“, кое треба да биде емитувано утре, Трамп оцени дека претходните американски воени операции значително ги ослабнале иранските нуклеарни амбиции и го намалиле капацитетот на земјата.
Американскиот претседател исто така тврдеше дека Иран би бил многу поблиску до поседување нуклеарно оружје доколку не биле извршени нападите со бомбардери Б-2 пред девет месеци. Според него, иранските морнарички и воздушни сили се сериозно нарушени и нефункционални.
Во меѓувреме, американски извори тврдат дека е постигнат прелиминарен договор за меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, со кој би се продолжил прекинот на огнот за дополнителни 60 дена и би започнале нови разговори за иранската нуклеарна програма. Сепак, конечната согласност од трамп сè уште не е дадена.
Од друга страна, иранската агенција „Тасним“, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим на Иран, објави дека текстот на евентуалниот меморандум сè уште не е целосно усогласен ниту официјално потврден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата