Во објава на платформата Truth Social, Трамп наведе дека е недозволиво Иран да поседува нуклеарно оружје.
„Канцеларот Мерц смета дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не разбира што зборува! Доколку Иран имаше такво оружје, целиот свет ќе беше заложник“, истакна Трамп.
Трамп воедно истакнува дека презема чекори кон Иран кои, според него, требало да бидат направени многу порано од други лидери.
„Не е изненадување што Германија се соочува со сериозни проблеми, и економски и пошироко“, заклучи американскиот претседател.
Овој остар коментар на американскиот претседател кон Мерц доаѓа по изјавата на германскиот канцелар дека не гледа јасна стратегија на САД за излез од конфликтот со Иран. Тој оцени дека американската нација била понижена од иранското раководство, особено од Револуционерната гарда.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата