logo
logo
logo

Трамп се закани: Европа мора да купува повеќе американска нафта и гас или следуваат царини

Vecer | 23.12.2024

Трамп се закани: Европа мора да купува повеќе американска нафта и гас или следуваат царини

Европската унија веќе го купува најголемиот дел од американскиот извоз на нафта и гас, но во моментов нема дополнителни количини на располагање, освен ако САД не го зголемат производството или ресурсите не се пренасочат од Азија, која исто така е голем потрошувач на американската енергија.

- Им кажав на ЕУ дека мора да го компензираат својот голем дефицит со САД со купување на нашата нафта и гас во големи количини. Во спротивно, дефинитивно воведуваме царински тарифи – напиша Трамп на Truth Social.

Европската комисија изјави дека е подготвена за разговори.

- ЕУ е посветена на постепено укинување на увозот на енергија од Русија и диверзификација на нашите извори на снабдување - рече портпаролот. Веќе во првиот квартал од 2024 година, САД обезбедија 47 отсто од увозот на ЛНГ и 17 отсто од увозот на нафта во ЕУ, покажуваат податоците на Евростат.

Трамп вети дека ќе воведе царини за повеќето, ако не и за сите, увозни производи и рече дека Европа ќе плати висока цена за деценискиот трговски суфицит со САД. Тој постојано го нагласуваше трговскиот дефицит на САД, но не и вкупниот трговски дефицит. Минатата година САД имаа трговски дефицит со ЕУ од 155,8 милијарди евра. Сепак, во услужниот сектор е забележан суфицит од 104 милијарди евра, покажуваат податоците на Евростат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk