logo
logo
logo

ТРАМП САКА ДОГОВОР, НО НЕ МУ ВЕРУВА НА ИРАН - Вашингтон стравува од нов ескалација

Vecer | 11.08.2026

ТРАМП САКА ДОГОВОР, НО НЕ МУ ВЕРУВА НА ИРАН - Вашингтон стравува од нов ескалација

Доналд Трамп е пред тешка одлука – американскиот претседател сака договор со Иран, но во Вашингтон растат сомнежите дали Техеран би ги почитувал преземените обврски. Според проценки на американското воено разузнавање, стратешкиот фокус на Иран во меѓувреме се префрлил кон Ормускиот Теснец, клучен поморски премин меѓу Иран и Оман. Американските воени претставници го предупредиле Трамп дека евентуален обид со сила да се воспостави контрола врз теснецот би можел да прерасне во долга и исклучително скапа операција, без гаранција за американска победа.

Дилемата за Вашингтон доаѓа во момент кога надежите за поширок договор меѓу САД и Иран повторно се намалуваат. Преговорите се поврзани и со повторното отворање на Ормускиот Теснец, преку кој минува значаен дел од светската трговија со нафта, а неизвесноста околу неговата проодност веќе влијае врз енергетските пазари.

Трамп во последните денови постави дополнителни услови за договор, вклучително и барање Иран да плати отштета за штетите и човечките загуби што, според него, се поврзани со повеќедеценискиот конфликт. Тоа дополнително ги отежнува дипломатските напори за постигнување договор.

Во исто време, Иран и Оман разговараат за можен аранжман за повторно воспоставување на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, при што се разгледува можноста двете земји да управуваат со различни поморски коридори. САД, сепак, се противат на решение со кое Иран би добил контрола врз дел од пловните патишта.

За Трамп, изборот станува сè посложен: дипломатски договор би можел да ја намали опасноста од дополнителна ескалација и да придонесе за стабилизирање на енергетските пазари, но Вашингтон истовремено се соочува со сомнежи околу подготвеноста на Техеран да ги почитува договорените услови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk