Постигната првична рамка за иден договор помеѓу САД и НАТО за иднината на Гренланд, а тарифите за европските држави се откажуваат, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп по вчерашниот состанок зад затворени врати со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Трамп не сподели детали за договорот, но според неговите најави, островот ќе се вклучи во американскиот план за противракетен систем „Златна купола„ а право на екстракција на неговите ретки земјени суровини ќе добие и Америка.
-Имаме концепт на договор, мислам дека ќе биде многу добар договор за САД и за нив. Ќе работиме заеднички на нешто кое се однесува на целосниот Арктик но и Гренланд. Се работи за безбедност, голема и силна безбедност и други работи. Ги откажавме (тарифите) бидејќи се чини дека имаме концепт на договор.
Договор за сопственост?
Малку е комплицирано, но ќе го објасниме понатаму.--Доналд Трамп, претседател на САД.
Трамп посочи дека овој договор ќе нема временско ограничување, односно како што рече, ќе трае вечно.
Руте пак изјави дека разговорите со Трамп биле фокусирани на поголемо присуство на НАТО во Арктичкиот регион а суверенитетот на Гренланд и експлоатација на минерали всушност не биле дискутирани за време на средбата. Преговорите за Арктичкиот остров ќе продолжат меѓу САД, Данска и Гренланд, потенцираше Руте. И Данската премиерка Мете Фредериксен ја поздрави оваа средба, но нагласи дека суверенитетот на островот не бил дел од преговорите.
ТОНСКО Марк Руте, генерален секретар на НАТО
Се договоривме седумте земји од крајниот север заедно со САД да го заштитуваат (Арктикот) од непријателите и во ова НАТО ќе биде многу вклучен.
Дали суверенитетот на Гренланд е обезбеден?
Знаеме дека данците се сосема отворени за можноста да имаат поголемо американско присуство на Гренланд и Гренланд е отворен за тоа. Сметам дека е добро овие дискусии да се одвиваат помеѓу нив, бидејќи јас не можам да преговарам од името на никој.
Иако Трамп увери дека ја исклучува употребата на сила за превземање на Гренланд и ги откажа тарифите, итниот состанок на европските лидери на која тие треба да усогласат заеднички одговор, ќе се одржи вечерва во Брисел. Според водечките светски медиуми, тензичната ситуација со Гренланд предизвикала промена на односот на Европската унија кон САД, која според тврдењата на медиумите, веќе не е сигурна дека САД е доверлив и сигурен партнер на ЕУ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата