logo
logo
logo

Трамп: Извлекувањето на иранскиот ураниум ќе биде долг и тежок процес

Vecer | 21.04.2026

Трамп: Извлекувањето на иранскиот ураниум ќе биде долг и тежок процес

„Операцијата ‘Полноќен чекан’, спроведена во јуни минатата година, доведе до целосно и конечно уништување на нуклеарните капацитети на Иран. Токму поради тоа, ископувањето на нуклеарниот прав ќе биде долг и тежок процес“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“.

Трамп често го користи изразот „нуклеарен прав“ кога се осврнува на резервите на збогатен ураниум на Техеран.

Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит изјави дека САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста дали ќе има нова рунда преговори.

„САД никогаш не биле толку блиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор постигнат од Барак Обама“, рече Ливит мислејќи на договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година што подоцна беше поништен од Трамп.

Ливит посочи дека САД се во завршна фаза од преговорите, но додаде дека Трамп располага со повеќе опции и нема да се двоуми да ги искористи доколку не се постигне договор.

Таа нагласи дека претседателот веќе покажал дека ги исполнува своите ветувања.

Според Трамп, рокот на двонеделното примирје истекува утре. Тој најави дека ќе нареди напади врз објекти од енергетската и цивилната инфраструктура на Иран доколку не биде постигнат договор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk