Според Министерството за финансии, цел се десет поединци и еден деловен субјект. Листата на санкционирани лица го вклучува и Првиот финансиски и технички центар за развој. Шест лица на листата се поврзани со него, од кои двајца се руски државјани. Останатите, според објавените податоци, се севернокорејски државјани, објавува Ројтерс.
Новите санкции доаѓаат во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги продолжи преговорите со Пјонгјанг, но Северна Кореја не покажа интерес за разговори за ограничување на нејзината нуклеарна програма. Трамп претходно овој месец ја намали важноста на уште еден самит со Ким, кој требаше да се одржи следниот месец во Кина.
Трамп е единствениот американски претседател кој се сретнал со севернокорејски лидер, по средбата со Ким во 2018 и 2019 година. Овие дипломатски обиди не успеаја бидејќи САД го условија продолжувањето на разговорите со целосно напуштање на нуклеарното оружје од страна на Северна Кореја.
Трамп оттогаш во неколку наврати ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“. Сепак, неговата администрација продолжува да инсистира на денуклеаризација и официјално не го признава Пјонгјанг како нуклеарно вооружена држава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата