logo
logo
logo

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

Vecer | 14.09.2026

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен истражувач , кој рече дека „постои голема веројатност сите да умреме во блиска иднина“ ако продолжи сегашното темпо на развој.

Во саботата, врвните индустриски шефови се согласија и повикаа на забавување. Трамп не се осврна директно на идејата, но рече: „Ние ја предводиме Кина во вештачката интелигенција... И, искрено, сакам да остане така бидејќи кој и да победи во вештачката интелигенција, победува“.

Трамп зборуваше истиот ден кога истражувачот за вештачка интелигенција Џејкоб Коксон - кој пред неколку дена ја напушти компанијата „Антропик“ - за Би-Би-Си изјави дека персоналот што ги развивал системите бил „вистински исплашен“ за иднината на човештвото.

Во саботата, Илон Маск, сопственик на XAI, и сем Алтман од Оpenai, го поддржаа предупредувањето од раководителот на Антропик, Дарио Амодеи, дека темпото на развој треба да се забави „за да се намали ризикот нешто сериозно да тргне наопаку“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk