Нафтата од типот Брент преку ноќ скокна за три проценти и се продава за 107 долари за барел, сериозно доближувајќи се на рекордот од 118 долари, од март годинава. Освен на со месеци блокираниот Ормутски Теснец, драстичниот скок на цените се должи на молскавичниот продор на злогласените Јеменски Хути кои зазедоа клучни острови кај теснецот Баб ал-Мандаб, кој е најкусиот поморски пат меѓу Европа и Азија. Саудиска Арабија го затвори најголемиот нафтовод кој беше цел на напади од бесопилотни леатала, а низ кој дневно се транспортираат седум милиони барели или 4 проценти од светските протреби на нафта.
-Пазарот ќе биде шокиран, цените ќе се зголемуваат, а само Саудијците можат да кажат колку време е потребно за поправка на нафтоводот. Цената на нафтата веројатно ќе достигне 120 долари за барел. , вели Јоханес Бенигни, енергетски експерт од Виена.
Паралелно со светските берзи, расте и нервозата во САД, каде што прв пат во историјата дизелот надмина шест долари за галон, односно 1,65 долари за литар, што е поскапување од 60 проценти за една година.
-Машината зад мене троши 200 галони дневно. Мораме да жнееме и да ги користиме машините и да користиме дизел. Суштината е дека тоа влијае на нашиот профит. , жител на Вашингтон.
-Кога овие цени вака вртоглаво растат, тоа им ја зема храната од уста на вашите деца. , вели жител на Вашингтон.
Американскиот претседател Трамп, смета дека скокот на цените на нафтата не е резултат од случувањата на Блискиот Исток, туку од конфликтот меѓу Украина и Русија.
-Г-н Зеленски мора да направи една работа. Да престане да го онеспособува дизелот горивото во Русија. Нека таргетира други цели, но не дизелот, бидејќи предизвикува недостиг од дизел гориво. Ова не го прави Блискиот Исток, ова (поскапувањата) се резултат на случувањата со Русија и Украина. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Украинскиот претседател Зеленски засега е без одговор на барањато на Трамп Украина да се воздржи од нападите врз руските рафинерии.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата