Едно лице го загуби животот, а уште едно е повредено откако училишен хеликоптер од типот „Р-44“ се урна во местото Темели, во округот на Синаџан, во близина на Анкара.
Според информациите што ги соопшти канцеларијата на гувернерот на Анкара, несреќата се случила околу 10:02 часот за време на тренинг лет.
Веднаш по пријавата, на местото на падот биле упатени припадници на жандармеријата и други надлежни служби, кои го обезбедиле теренот и започнале увид.
Турските власти информираат дека во тек е истрага која треба да ги утврди околностите и причините што довеле до падот на хеликоптерот.
Турскиот министер за правда Акин Гурлек соопшти дека во несреќата загинал пилот во пензија, полковник Јасаозден Бакал.
„Со длабока така ја примив веста дека во тек на улилишен лет во хеликоптерска несреќа во окруог Синџан загина пилот, пензионираниот полковник Јасаозден Бакал. Упатуван сочувство до неговото семејство и блиските, а на повредениот приправник на Военото воздухопловство, мајорот Билгехан Куртоглу, му посакувам брзо закрепнување“, напиша Гурлек на социјалните мрежи.
Тој додаде дека судската истрага за несреќата се води „темелно и во сите насоки“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата