Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Vecer | 11.08.2026

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Причината за инцидентот засега е непозната.

Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка.

Телата на рударите се пронајдени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, на околу 130 километри северозападно од Јоханесбург, пренесе АП. Засега, полицијата не соопшти повеќе детали за околностите на нивната смрт или за причината за инцидентот.

Во Јужна Африка, десетици илјади рудари работат нелегално во напуштени рудници за злато и платина што рударските компании престанале да ги користат.

Ваквите рудари често работат без соодветна заштитна опрема и во многу опасни услови. Рустенбург е еден од главните центри на индустријата за платина во Јужна Африка. Јужна Африка ги поседува најголемите познати резерви на платина во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk