Ценитарот на тајфунот се пристигна во близина на градот Јухуан во источната кинеска покраина Џеџијанг околу 17:30 часот по локално време, соопшти Националниот метеоролошки центар (NMC) на Кина. Во моментот на ударот, максималната брзина на ветерот во близина на центарот била повеќе од 150 километри на час, според „NMC“.
Властите евакуирале повеќе од 900.000 жители од крајбрежниот град Венџоу во покраината Џеџијанг во источна Кина и отвориле повеќе од 1.000 приемни центри. Речиси 1.400 летови беа откажани на двата главни аеродроми во Шангај денес, објави државниот радиодифузер „CCTV“.
Today, Typhoon Dolphin made landfall in Taizhou, Zhejiang, China, bringing dangerous winds and severe flooding. pic.twitter.com/zu1HhD7Q7C
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) August 9, 2026
Силни дождови и силни ветрови
Последиците се почувствуваа и во Хонг Конг на јужниот брег на Кина. Таму беше измерена рекордна максимална температура од 36,9 степени Целзиусови, а високата температура е резултат на топлиот воздух што го туркаше тајфунот Делфин кон градот. „Бурата се движи кон Жеџијанг и понатаму во внатрешноста, а нејзините надворешни струења ќе донесат екстремно топло време во областа од денес до вторник“, соопшти опсерваторијата во Хонг Конг.
Пред да стигне до Кина, тајфунот Делфин донесе обилни дождови и силни ветрови во Окинава, Јапонија. Седум лица во Окинава беа полесно повредени, вклучувајќи и маж над 100 години кој падна и ја удри главата откако беше соборен од налетот на ветерот, соопштија локалните власти.
До денес попладне, 5.290 домаќинства во Окинава беа без струја, соопшти регионалната енергетска компанија „Окинава Електрик Пауер“. Во Тајван, десетици фериботски линии беа суспендирани денес, а повеќе од 180 летови беа откажани бидејќи бурата донесе поројни дождови и силни ветрови во северниот дел од островот.
Earlier today, #Typhoon #Dolphin has made landfall in Ganjiang, #China, , as a category 1 typhoon, with winds reaching 85 mph (140 km/h) and pressure down to 954 mb. with CMA which is likely more accurate to actual intensity, at 940 mb. typhoon gusts being felt in the region. pic.twitter.com/JAxaR6OkFy
— Skellitor Titan (@Skellitor_Titan) August 9, 2026
Поради тајфунот беше издаден црвен аларм
Утрово, кинескиот „NMC“ издаде црвен аларм за тајфун, или неговото најстрого предупредување. „NMC“ предвиде „исклучително обилни врнежи од дожд“ во делови од централен и источен Жеџијанг. Обилни врнежи од дожд се очекуваат и во Шангај и делови од провинциите Фуџијан, Анхуи и Џангсу до утре попладне.
Се очекува тајфунот Делфин да ослабне по приближувањето на копното додека се движи кон северозапад над источна Кина. Во провинцијата Фуџијан, речиси 99.000 луѓе беа евакуирани од загрозените подрачја синоќа, јавува новинската агенција Синхуа.
Делфин пристигна во Кина две недели по тајфунот Ноул, кој властите потоа го прогласија за најсилна бура во Кина оваа година. Тајфунот Ноул уби три лица и оштети стотици домови на Филипините пред да стигне до Кина.
Извор: Индекс.хр
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата