Со „зелено светло“ од Путин, Европа добива преговарачко столче за Украина

Vecer | 13.11.2026

Со „зелено светло“ од Путин, Европа добива преговарачко столче за Украина
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

 Веста доцна синоќа ја соопштија специјалните претставници на Трамп, по средбите со рускиот и украинскиот претседател во Москва и во Даблин.

-Не можеме да склучиме договор без Европејците да бидат на маса. Му кажавме на претседателот Путин дека тоа е многу важно. , изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на Трамп.

-Не на некаков начин, не одделно, (Европејците) ќе имаат глас. Ова е многу важно за нас, бидејќи војната е во Европа. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Но, денеска пристигна студен туш од Кремљ. Портпаролот на Путин, Песков за руските медиуми изјави дека е прерано за Европејците да се приклучат на преговорите.

-Откако ќе ги разбереме нивните вистински намери и подготвеност да придонесат во мировниот процес, тогаш можеме да донесеме одлука за водење дијалог во проширен формат. , изјави Песков.

А, во Даблин, каде што денеска се одржува неформален Европски Совет, почна потрагата по европски претставник кој во име на 27 земји членки ќе седне на преговарачка маса веќе на следната мировна средба. Европските лидери се поделени. Дел настојуваат на претставник од таканаречената „големата тројка“, Германија, Франција или Британија, други пак, даваат предност на некој од двоецот Кошта – Калас. Високата претставничка, Естонката Калас не ги крие амбициите, и покрај резервите на Москва поради нејзиниот остар став кон руската агресија. 

-Знам дека Русите не ме сакаат, но, знаете, дали ние се прашуваме кој ја претставува Русија? Не, не се прашуваме. Навистина ни е потребен силен тим, а јас сум подготвена да работам на ова заедно со министрите за надворешни работи. Тие не сакаат некој силен на спротивната страна, бидејќи сакаат да ги наметнат своите максимални барања – како што правеле отсекогаш. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ

-Јас сакам наративот да биде како да постигнеме мир, а не кој. Ако можам така да кажам, одбивам да прифатам дека Хенри Кисинџер е во право. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент.

Во Абу Даби пред два дена Украина и Русија со посредство на Вашигнтон договорија досега најголема размена на заробеници, неофицијиално, по околу 1.500 од обете страни. На вчерашната средба со американските посредници, Путин се закани дека по евентуален мировен договор, распоредувањето на европски војници во Украина ќе ги смета за легитимна воена цел. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk