Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека очекува договорот за ретки минерали наскоро да биде потпишан, објави Ројтерс.
Трамп рече дека на состанокот на делегациите од Вашингтон и Киев, што се одржува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се разговара за територијални прашања поврзани со војната во Украина и линијата за разграничување.
Трамп исто така рече дека Вашингтон разговара со Киев за можноста американски компании да поседуваат украински нуклеарни централи. Разговорите во Ријад главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, беше објавено претходно.
Сепак, Трамп рече и дека се појавиле и други теми.
„Се зборува за територија, за линии на разграничување, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните бидејќи поседуваме стручност“, рече американскиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата