logo
logo
logo

САД ѝ продаваат ракети на Јужна Кореја. Пјонгјанг најавува силен одговор

Vecer | 27.08.2026

САД ѝ продаваат ракети на Јужна Кореја. Пјонгјанг најавува силен одговор

Овие пораки беа пренесени од севернокорејската државна агенција KCNA, пренесува Ројтерс. Оваа реакција од Пјонгјанг доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на средба.

Трамп претходно овој месец изјави дека Ким одговорил на неговиот предлог, но аналитичарите велат дека официјален Пјонгјанг не покажува голем интерес за продолжување на разговорите.

„Уште еднаш се уверивме во отворено непријателскиот став на САД кон ДПРК“, се вели во изјавата на портпаролот на министерството, објавена од агенцијата KCNA. ДПРК е кратенка за Демократска Народна Република Кореја, официјалното име на Северна Кореја.

Реакцијата се однесува на одлуката на Стејт департментот на САД за можна продажба на тактички ракети „AIM-9X Sidewinder“ и придружна опрема на Јужна Кореја.

Пјонгјанг ја смета оваа зделка, вредна 125 милиони долари (107,25 милиони евра), за нова закана по својата безбедност. Северна Кореја, исто така, упати критики кон планот на САД за финансирање на документирањето на состојбата со човековите права и собирањето информации за земјата.

Тие тврдат дека тоа е дел од кампања насочена кон дестабилизација на нивниот општествен систем.

Портпаролот истакна дека оваа година Вашингтон веќе одобрил продажба на различни системи за вооружување на Јужна Кореја, како што се напредни тактички ракети, поморски и борбени хеликоптери, како и прецизни бомби. Тој додаде дека со тоа САД го охрабруваат Сеул да ги зајакне своите борбени капацитети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk