ЕВРОПА И БАЛКАНОТ ДОСТИЖНИ ЗА ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ - Техеран го повлече огреничувањето

Vecer | 07.11.2026

ЕВРОПА И БАЛКАНОТ ДОСТИЖНИ ЗА ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ - Техеран го повлече огреничувањето
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Иран го укина своето самонаметнато ограничување од 2.000 километри за дострелот на своите балистички ракети. Портпаролот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), бригадниот генерал Хосеин Мохеби, на прес-конференција во Техеран потврдил дека „ова ограничување е отстрането“.

Оваа стратешка одлука следува по директивата на иранскиот врховен водач, ајатолахот Моџтаба Хаменеи, кој претходно предупреди дека секоја закана од САД или Израел ќе се соочи со одговор без географски ограничувања. Со овој чекор, Иран и формално ја напушта децениската политика на доброволно ограничување на ракетниот дострел.

Генералот Мохеби нагласи дека наместо празни изјави, Иран „во пракса ќе ги демонстрира овие капацитети на бојното поле“ со цел да одговори на заканите. Според извештаите, воените команданти веќе ги ажурираат своите бази на податоци за цели кои вклучуваат објекти надвор од Блискиот Исток.

Иако Иран досега тврдеше дека неговите ракети не надминуваат 2.000 километри (дострел кој ги опфаќа Израел, Арапскиот Полуостров и делови од Југоисточна Европа), западни воени аналитичари и американски официјални лица долго време предупредуваат дека Техеран поседува вселенска програма и технологија која лесно може да се пренамени за развој на интерконтинентални балистички ракети (ICBM) со многу поголем дострел.

Иранските државни медиуми и воени претставници споменуваат дека доколку САД ги користат своите воени бази во Европа за напади врз Иран, тие бази (особено во земји како Германија и Италија) ќе станат легитимни мети. Потенцијалното таргетирање на воени објекти во Европа предизвикува сериозна загриженост кај НАТО сојузниците поради ризикот од активирање на Членот 5 за колективна одбрана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk