logo
logo
logo

Руски дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата

Vecer | 14.09.2026

Руски дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и  високи европски претставници ја напуштија станицата

Нема информации за жртви по ударот кај Јаходин, во кој беше погодена локомотивата на возот. Сите патници се евакуирани, соопштија украинските власти.

Билд,Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев.

Русија соопшти дека погодила „железничка инфраструктура“ во западна украина, но украинската државна железничка компанија соопшти дека „сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатскиот воз“.

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, кој во времето на нападот се наоѓал во друг воз на станицата Јаходин, рече дека инцидентот бил „застрашувачки“.

Возот „ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промената на возниот ред... Поради постојаните закани за руски напади“.исто така, се наведува дека наредба за евакуација на патниците во погодениот воз била дадена „само 15 минути“ пред нападот од страна на руски дрон со млазен погон.украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека „варварските напади“ на украинско-полската граница во Јаходин се еднакви на „терористичко тропање  директно на вратите на ЕУ и НАТО“„

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk