Дронот погоди зграда од 16 ката во населбата Печерск, а осум од повредените беа пренесени во болница.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „апсолутно брутален и болен удар, лишен од каква било воена логика“. Тој истакна дека од почетокот на денот биле нападнати осум украински региони. Во регионот на Одеса, едно лице загина во напад врз поштенски терминал, додека во Запорожје беше погодена медицинска установа. Повредени имаше и во регионите Суми и Миколаев, изјави Зеленски.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта неговите сили користеле дронови за да нападнат објекти на украинската одбранбена индустрија, логистички центри и пловни објекти што наводно ги користеле украинските вооружени сили.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата