logo
logo
logo

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Vecer | 25.09.2026

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските медиуми.

Претседателката на ЦИК, Ела Памфилова, изјави дека тоа е најголема излезност во последните три парламентарни изборни циклуси, пренесува „РИА Новости“.

Според конечните резултати, владејачката партија „Единствена Русија“ освои 349 мандати, Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) 37, Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) 23, „Нови луѓе“ 19, „Праведна Русија“ 17, додека партијата „Родина“ освои еден мандат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk