На врвот на шишињата имаат прскалки а спред очевидци една од келнерките качена на рамењата на својот колега држејки вакви шишиња со прскалки го предизвикала пожарот од кои се пали дел од сунѓерот на таванот кој е поставен за звучна излоција. Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека на почетокот изгледа како мал пожар кој се обидуваат неколумина да го изгаснат но набргу се шири пламен и густ токсичен чад. Во паниката да се избега младите во стампедо наидуваат на еден излез со тесни скали.
-Тоа е шоу. Една девојка се качи на рамената врз еден дечко и во рацете држеше шампањско со прскалки . Ги држеше шишињата многу високо, блиску до таванот по што започна пожарот.
До доцна во ноќта во Кран-Монтана, стотици луѓе дојдоа да положат цвеќе и да остават свеќи пред барот „Констелејшн“ во спомен на жртвите од ужасниот пожар. Повредените се хоспитализирани во болници во Швајцарија, а некои се префрлени со хеликоптери во здравствени установи со центри за изгореници во Милано, Париз, Лион и Штутгарт.
Според информациите има околу 40 загинати и 115 повреден од кои голем број околу 80 се во критична сосотојб и се тешко повредени.
Телата на жртвите се толку лошо изгорени што швајцарските власти велат дека идентификацијата може да потрае со денови. Засега идентификувана е првата жртва, 17-годишен спортист од Италија, кој живеел со своето семејство во Дубаи.
По информациите објавени од негови блиски луге на социјалните мрежи, дека по пожарот во кран монтана е исчезнат младиот Македонец Стивен Ивановски кој последен пат бил виден на новогодишната ноќ во барот каде избувна пожарот, од владата велат дека засега немаат повеќе информации освен дека има едно лице со македонско потекло.
Од МНР за Канал 5 велат дека амбасада во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија и дека процесот на идентификација на настраданите се уште трае и засега нема потврдени информации за загинати или повредени македонски државјани.
Швајцарскиот претседател Гај Пармелин го опиша пожарот од синоќа како еден од најтрагичните настани во историјата на земјата и рече дека швајцарија има должност таква трагедија никогаш повеќе да не дозволи да се случи.
Според францските медиуми сопствениците на барот се Џесика и Жак Морети од Корзика кои по реновирањето од 2015 година го направиле Констелејшн едно од најомилените места на младите за забава во престижниот ски центар Кран Монтана во Швајцарија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата