logo
logo
logo

ВИДЕО | „ПРВА СНИМА“ ОД ХАМНЕИ, НО ИМА СОМНЕЖИ - Иран молчи: видеото можеби е снимено пред војната

Vecer | 09.08.2026

ВИДЕО | „ПРВА СНИМА“ ОД ХАМНЕИ, НО ИМА СОМНЕЖИ - Иран молчи: видеото можеби е снимено пред војната

Иранската новинска агенција Мехр објави кратка видео-снимка од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи, која во иранските медиуми е претставена како негова „прва снимка од верска настава“, но околу нејзината актуелност веќе се појавија сомнежи. Како што пишува Индиан Експрес, не е наведено кога и каде е направена снимката, додека повеќе корисници на „Икс“ и аналитичари тврдат дека видеото кружи уште од март и дека најверојатно е снимено пред почетокот на војната, а не неодамна. Причината поради која иранските медиуми токму сега ја објавуваат снимката засега не е позната.

Краткото видео го прикажува Хамнеи во разговор со повеќе луѓе. Агенцијата не дава повеќе детали за снимката.

Моџтаба Хамнеи стана врховен лидер по смртта на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи. Собранието на експерти го избрало на 8 март. Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари, при американско-израелските напади врз Иран.

На неговиот погреб присуствуваа илјадници луѓе, беше прогласена 40-дневна жалост во државата и 7 дена празник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk