Сите ракети беа „успешно пресретнати“, соопшти централната команда на сад . Иран соопшти дека целта била американска база во јордан.во меѓувреме, американската војска и силите на Саудиска Арабија ги нападнаа „терористите поврзани со Иран“ во Ирак, како одмазда за нападите со беспилотни летала. Новите напади ставија крај на краткиот прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, кој имаше за цел да ги врати преговарачите на масата за преговори.
Иранската исламска револуционерна гарда, исто така соопшти дека погодила три танкери за нафта во Ормутскиот теснец, според новинската агенција ТАСНИМ.
Цените на нафтата пораснаа утринава поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот би можела дополнително да го наруши транспортот на енергија низ теснецот.
Во утринското тргување во Азија, глобалната референтна цена на суровата нафта од типот брент порасна за 4,3% на 87,70 долари за барел, додека нафтата што се тргува на американскиот пазар беше повисока за 4,2% на 82,62 долари.
Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата