logo
logo
logo

Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации со апликацијата Сигнал

Vecer | 21.04.2025

Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации со апликацијата Сигнал

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен објавија дека Хегсет споделил детали за нападот во март врз Хутите поддржани од Иран во групата „Сигнал“ во која биле неговата сопруга, брат и личен адвокат.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, ја отфрли веродостојноста на извештаите на медиумите, истакнувајќи дека тие се засновани на „поплаки од незадоволни поранешни вработени“.

Високиот советник на Хегсет, Ден Колдвел и уште двајца функционери на Пентагон беа ставени на административно отсуство - практично суспендирани и беше објавено дека тие се под истрага за протекување информации.

„Медиумите кои го мразат Доналд Трамп продолжуваат да бидат опседнати со идејата да го уништат секој кој е посветен на извршување на агендата на претседателот“, се наведува во изјавата на Парнел, цитирана од ДПА.

„Немаше доверливи информации во ниеден разговор на Сигнал, без оглед на тоа на колку начини се обидоа да ја напишат оваа приказна. Она што е точно е дека канцеларијата на секретарот за одбрана продолжува да станува посилна и поефикасна во спроведувањето на агендата на претседателот Трамп“, додаде Парнел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk