logo
logo
logo

ОН: Ако Ормутскиот теснец остане затворен, светот ќе се соочи со масовен глад

Vecer | 12.05.2026

ОН: Ако Ормутскиот теснец остане затворен, светот ќе се соочи со масовен глад

Според нивните проценки станува збор за над 45 милиони лица кои би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта во моментов се блокирани. Најголемиот дел од засегнатите земји се во Африка и Азија, а пресметките се дека дури и целосно да биде отворен, за нормализирање на сообраќајот во Ормускиот теснец ќе бидат потребни неколку месеци.

-Во суштина ние имаме неколку недели пред нас да спречиме тоа што најверојатно ќе биде масовна хуманитарна криза. Ние можеби ќе бидеме сведоци на криза која ќе присили над 45 милиони луѓе во гладување. Дури и да го отвориме Ормускиот теснец, ќе бидат потребни три до четири месеци за се да се врати во нормала,- - Хорхе Мореира да Силва - Извршен директор на УНОПС.

Вашингтон и Техеран во меѓувреме ја заоструваат реториката. Американскиот претседател Трамп примирјето меѓу двете страни оцени дека е на стаклени нозе, додека иранските власти предупредуваат на одмаздничка акција доколку се соочат со нови напади.

-Тоа (примирјето со Иран) е неверојатно слабо, би рекол и би го нарекол најслабо до сега, особено откако го прочитав тоа „парче ѓубре“ кое ни го испратија, дури не завршив ни со читање, реков дека нема да си го трошам времето читајќи. Би рекол дека (примирјето) е најслабо до сега, дека е на поддршка за живот,- Доналд Трамп – Претседател на САД.

-Каде што е потребно ќе се бориме, а каде сметаме дека има потреба, ќе го користиме оружјето на дипломатијата за да ги унапредиме интересите на иранскиот народ. Не се грижиме дали некој друг е среќен или не,- - Есмаил Багеи – Портпарол на иранското МНР.

Според проценките на светските медиуми, во Ормускиот теснец се уште има околу дваесетина илјади морнари и над две илјади бродови кои војната ги затекна во заливот. Токму деблокадата на клучната нафтена рута, покрај нуклеарната програма на Иран се главните прашања за кои САД и Иран до сега не успеваат да најдат компромис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk