Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“.
Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот.
Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија.
Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија.
Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата