logo
logo
logo

НЕВЕРОЈАТЕН СУДИР ВО ВСЕЛЕНАТА - Дел од ракетата на SpaceX ќе удри во месечината со речиси 8.700 КМ/Ч

Vecer | 05.08.2026

НЕВЕРОЈАТЕН СУДИР ВО ВСЕЛЕНАТА - Дел од ракетата на SpaceX ќе удри во месечината со речиси 8.700 КМ/Ч

Дел од ракета на SpaceX денес ќе се судри со Месечината со брзина од околу 8.690 километри на час, откако вториот степен од ракетата Falcon 9 останал во орбитата по мисијата од минатата година. Четиритонскиот ракетен дел, со големина приближна на автобус, се очекува да падне во Ајнштајновиот кратер, во слабо истражен дел од површината на Месечината.

Од SpaceX нагласуваат дека судирот не е намерен. Се очекува ударот да создаде облак од месечева прашина, кој веројатно ќе биде осветлен од Сонцето, но тешко ќе може да се забележи со голо око од Земјата.

Вообичаено, ваквите делови од ракетите повторно влегуваат во атмосферата на Земјата и согоруваат или паѓаат во океанот. Но, поради поголемата сила потребна за мисијата кон Месечината, вториот степен останал во вселената и со месеци неконтролирано се движел како дел од вселенскиот отпад.

Астрономите претходно утврдија дека неговата траекторија неизбежно води кон Месечината. Според експертите, комбинацијата од сончевата активност и гравитациските сили го насочила кон природниот сателит на Земјата.

Иако ваквите судири се ретки, тие не се без преседан. Во 2022 година, степен од кинеска ракета исто така удри во Месечината, додека НАСА во 2009 година намерно предизвика ваков судир за научни истражувања.

НАСА и SpaceX веќе работат на решенија за да се спречат слични инциденти во иднина, особено во пресрет на мисиите од програмата „Артемис“, чија цел е враќање на астронаути на Месечината и изградба на постојана база.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk