logo
logo
logo

Нетанјаху му честиташе на Трамп за смелата одлука и спасувањето на американскиот пилот од Иран

Vecer | 06.04.2026

Нетанјаху му честиташе на Трамп за смелата одлука и спасувањето на американскиот пилот од Иран

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека лично му честитал на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата смела одлука и совршено извршената американска мисија за спасување на соборениот американски пилот од непријателската територија Иран, нагласувајќи дека и Израел придонел во оваа операција.

„Претседателот Трамп ја изрази својата благодарност за помошта на Израел. Длабоко сум горд што нашата соработка надвор од бојното поле е без преседан и што Израел можеше да придонесе за спасувањето на храбар американски воин“, рече Нетанјаху во објава на мрежата Икс.

Во врска со соработката со Израел, Трамп синоќа изјави дека Израел им помогнал на САД во споменатата операција, но дека поголемиот дел од акцијата била американска.

„Израелците се добри партнери, храбри луѓе. Соработуваме како постар и помлад брат“, заклучи Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk