Најновата порака е уште еден остар дипломатски маневар на Трамп, само три часа пред американските проектили да го започнат најавенот жесток бран напади врз Иран, кој самиот го објави вчера.
-Штотуку постигнавме одличен договор за војната со Иран. Тоа ќе биде предмет на финализирање на документите, што треба да се заврши во текот на следните неколку дена. Веројатно ќе биде потпишан, можеби во Европа. Дали Врховниот лидер го одобри овој договор? – Јас разбирам дека одговорот е „да“. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Се согласија на тоа. Тоа беше главната причина и голем дел од причините. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Повеќе светски медиуми шпекулираат дека церемонијата на потпишување на меморандумот би се случил веќе в недела во Женева, а во име на Вашингтон параф ќе стави потпретседателот Џеј Ди Венс. Аксиос пиушува дека неколку американски авиони полетале кон Европа за да се подготват на таквото сценарио. Но, Иран вели прерано е за славје. Од иранското МНР признаваат дека е направен значителен, но не и финален исчекор.
-Вистина е дека Иран се согласува со најголем дел од потенцијалниот договор со САД, но конечен договор не е финализиран. Иран нема да прави компромис со црвените линии, затоа што Вашингтон постојано ги менува ставовите. , изјави Eсмаил Багхеи, портпарол на иранското МНР.
Последните изјави влеваат надеж, но светската јавноста со резерва ја прима пораката на Трамп, кому медиумите досега му избројаа 37 слични најави дека конфликтот е речиси завршен. Неговите најави сепак драстично се одразија на цената на нафтата, кој го достигна двомесечниот минимум. Нафтата од типот Брент падна за четири проценти и се продава за 89 долари за барел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата