logo
logo
logo

МОСКВА СО ПОРАКА ЗА МИР: „Подготвени сме за нови идеи, но тие мора да ја одразуваат реалноста на терен“

Vecer | 21.08.2026

МОСКВА СО ПОРАКА ЗА МИР: „Подготвени сме за нови идеи, но тие мора да ја одразуваат реалноста на терен“

Во оваа фаза, клучно прашање е колкаво влијание има Вашингтон врз одлуките што ги носат Киев и неговите европски сојузници, смета рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Според него, дел од европските земји и натаму се залагаат за стратегиски пораз на Русија, а токму позицијата и влијанието на САД може да бидат одлучувачки во натамошниот развој на ситуацијата и можните мировни иницијативи.

Русија е отворена да слушне нови предлози за тоа како да се постигне решение за украинскиот конфликт, изјави висок руски дипломат, но тој додава дека сите предлози треба да ги одразуваат реалностите на терен.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за медиумот news.ru објавено вчера, изјавил дека САД покажале подготвеност за конструктивен дијалог и разбирање на ставот на Русија.

„Во оваа фаза е поважно до кој степен Вашингтон е во можност да влијае врз одлуките на режимот во Киев и неговите европски спонзори, кои сè уште сонуваат за стратегиски пораз на Русија“,

кажал тој.

Русија и Украина разменуваат напади речиси секојдневно од целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година, а дипломатските напори во кои учествуваат САД и Европа досега не успеаја да доведат до траен прекин на огнот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk