logo
logo
logo

МАЈКА И 9 - ГОДИШНИОТ СИН ЗАГИНАА ВО РУСКИ НАПАД - Украина возвраќа со удари врз руска инфраструктура

Vecer | 14.08.2026

МАЈКА И 9 - ГОДИШНИОТ СИН ЗАГИНАА ВО РУСКИ НАПАД - Украина возвраќа со удари врз руска инфраструктура

Најмалку три лица загинаа во новите руски напади врз Украина, меѓу кои и 29-годишна жена и нејзиниот деветгодишен син. Додека руските дронови повторно целија кон украински градови, украинските сили продолжија со напади врз руската инфраструктура.

Во источната украинска област Доњецк, пак, во руски напад беа уништени шест ката од станбена зграда, при што загина една личност, а 16 се повредени, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски. На мета на нападот ноќеска беше и железничката станица во украинското пристаниште Измаил на југот на земјата, за која се наведува дека се користи за транспорт на воен товар и гориво за украинските вооружени сили. Зеленски изјави дека руските сили ноќеска нападнале вкупно 12 украински региони.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во Црното Море погодиле два влекача што ги придружувале товарните бродови со западно вооружување за Украина.

Од друга страна, украинските сили ја проширија кампањата на удари врз руската инфраструктура, погодувајќи го пристаништето Уст-Луга во Ленинградската област, северозападно од Москва. Нападот предизвика пожар, изјави гувернерот на таа област Александар Дрозденко. Пристаништето Уст-Луга е еден од најголемите руски терминали за извоз на нафта и гас и се наоѓа на повеќе од 800 километри од Украина. Украина изведе и уште еден напад врз објекти на компанијата „Вајлдберис“, најголемиот руски онлајн-трговец, за кој Киев тврди дека помага во снабдувањето на руската армија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk