Лео е повторно на мета
Глејзер се осврна на номинацијата на Ди Каприо за неговата улога во филмот „Една битка по друга“. „Каква лудница, едноставно блескаш од екранот“, рече Глејзер. „Каква кариера само имаше! Мислам, безброј култни улоги, работеше со сите големи режисери. Освои три Златни глобуса и еден Оскар“.
„И најимпресивното од сè“, продолжи таа, „е што успеа да го постигнеш сето тоа пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо“.
51-годишниот актер, навикнат на вакви шеги, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Не знаеме ништо друго за тебе, човече“
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глejзер во врска со својата одлука сепак да тргне по познатиот пат. „Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго... Направив мало истражување, најпродлабоченото интервју што некогаш си го дал било за „Тин Бит“ во 1991 година. Дали и понатаму омилена храна ти се „тестенините? Тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од своето место со палецот нагоре, „секако дека се“.
Шеги и за Шаламе и Џулија Робертс
Глejзер не можеше да го изостави и Тимоти Шаламе во својот монолог. Иако комичарката, како што вети, не „ја подбра“ неговата девојка Кајли Џенер, таа напомена дека парот е главна тема на разговор надвор од филмскиот свет од почетокот на сезоната на доделување награди.
Шаламет беше номиниран за најдобар актер во мјузикл/комедија за неговата улога во „Марти Суприм“. „Каква посветена изведба имаше“, го пофали Глејзер, нарекувајќи го „првиот актер во историјата кој се здебели за пинг-понг филм. Се здебели над 60 унци (1kg и 700 g), тоа е лудо“.
Таа исто така успеа да ја насмее и Џулија Робертс, која беше номинирана за најдобра актерка во драмата за „После ловот“(“After the hunt”). „Исто како „Wicked“, се враќам за продолжението“ - го започна Глејзер својот монолог. „Токму како Франкенштајн, ме состави нелиценциран европски хирург. И токму како подкастерите номинирани вечерва, не би смеела да бидам толку блиску до Џулија Робертс“. Филмската ѕвезда ја покажа својата карактеристична насмевка.
Балансирање на границата на добриот вкус
По минатогодишниот пофален настап, Глејзер беше свесна дека има тешка задача пред себе – да направи баланс помеѓу духовитоста и дрскоста, без да ги навреди ѕвездите во салата.
„Мора да бидете многу деликатни со шегите без никому да му ја уништите вечерта“, објасни таа за “CBS Mornings“ пред доделувањето на наградите. „Сакате да ги насмеете и луѓето дома, но и да се пошегувате на сметка на луѓето за кои публиката го очекува тоа. Луѓето дома сакаат да се шегувате на сметка на најголемите ѕвезди.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата