logo
logo
logo

Израел: Убивме маж, кој киднапира двајца заложници од фестивалот на 7 октомври

Vecer | 27.09.2026

Израел: Убивме маж, кој киднапира двајца заложници од фестивалот на 7 октомври

Сахер Сакр беше убиен во саботата во израелски воздушен напад врз Нусејрат во централниот дел од крајбрежниот појас, што го потврди болницата Ал-Акса во Појасот Газа. Три други лица беа повредени во нападот. А извори во рамките на терористичката организација Хамас рекоа дека Сакр учествувал во земањето заложници пред речиси три години.

Израелската војска ги потврди палестинските извештаи дека Сакр го возел мотоциклот на кој биле киднапирани израелската жена Ноа Аргамани и нејзиното момче Авинатан Ор. Тој неодамна бил вклучен во планирањето нови напади и затоа бил убиен „за да се отстрани заканата што ја претставувал“, соопшти армијата.

Киднапирање на Ноа Аргамани

Судбината на млада жена, киднапирана од музичкиот фестивал Нова во Израел и однесена во блиската крајбрежна област, предизвика бран сочувство низ целиот свет. Во тоа време на социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како терористи ја земаат на мотор додека очајно бара помош.

Ослободување на заложниците

Во јуни 2024 година, израелска единица на специјалните сили ја ослободи Аргамани од заробеништво на Хамас заедно со уште тројца заложници.

Војската објави дека операцијата вклучувала жестоки судири со вооружени Палестинци. Според здравствените власти контролирани од Хамас, убиени се 274 Палестинци, но оваа бројка вклучува и борци и цивили.

Аргамани зборуваше пред Советот за безбедност на ООН минатата година и ги опиша ужасните услови во кои била држена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk