logo
logo
logo

Иранска и американска делегација во Исламабад – одржување на средбата останува неизвесно

Vecer | 25.04.2026

Иранска и американска делегација во Исламабад – одржување на средбата останува неизвесно

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во официјална посета за да разговара за рестартирање на мировните преговори со САД, иако Техеран ги отфрла информациите дека ќе седна на преговарачка маса и само потврди дека тој е на разговори само со  пакистански функционери. Од друга страна, Белата куќа го тврди спротивното дека Иран прифатил средба.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит потврди дека специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер денеска патуваат за Пакистан токму за разговори со иранскиот претставник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk