Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази

Vecer | 23.03.2026

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во соопштението објавено од новинската агенција Тасним, која е поврзана со ИРГЦ, се вели дека со беспилотни летала биле гаѓани локации во „северниот, централниот и јужниот дел“ на Израел.

Исто така, се наведува дека се погодени три американски воени бази: „Али Ал Салем“ во Кувајт, една во Ал-Харџ во Саудиска Арабија и „Ал Дафра“ во Обединетите Арапски Емирати.

Ниту израелската војска, ниту Кувајт, Саудиска Арабија или Обединетите Арапски Емирати досега не го потврдија соопштението на ИРГЦ, јави Би-би-си.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk