Казната изречена на хуманитарецот Оливие Вандекастиле, како што јави полуофицијалната агенција Тасним, е потешка од онаа што ја објави Белгија во декември, тврдејќи дека добил 28 години затвор.
Вандекастиле е осуден по четири точки од обвинението, вклучувајќи шпионажа против Иран, соработка со САД, перење пари, според Тасним.
Вандекастиле бил уапсен за време на посетата на Иран во февруари. Тој ги негира сите обвиненија и има право на жалба на пресудата. Белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лахбиб на Твитер го осуди неговото „произволно апсење“ и најави дека иранскиот амбасадор во Брисел ќе биде повикан на разговор во знак на протест против пресудата.
„Семејството е уништено од веста“, рече Оливие Ван Штајртегем, најдобриот пријател на Вандекастиле и портпарол на семејството. „Оливие е жртва, заложник“, рече тој, додавајќи дека белгиската влада ќе направи сѐ што може за да го ослободи.
Во декември, белгискиот министер за правда рече дека Вандекастиле е во затвор „за измислена серија злосторства“ и тврдеше дека е осуден како одмазда за 20-годишната затворска казна изречена на ирански дипломат од белгиските судови во 2021 година.
Асадала Асади беше прогласен за виновен за обид за терористички напад по неуспешниот заговор за бомбардирање на собир на Националниот совет на отпорот на Иран, група протерани Иранци кои се противат на Исламската Република, во близина на Париз во јуни 2018 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата