„Американците во последните денови ја објавија својата блокада, тоа е неодговорна и погрешна одлука. Невозможно е ако ние не можеме да поминеме низ Ормутскиот теснец, други да можат да го сторат тоа. Ако САД не ја укинат блокадата, транзитот низ Ормуската теснина сигурно ќе биде ограничен“, рече Калибаф.
Според него, Иран би отворил оган врз американски воен брод стациониран во близина на Ормуската теснина, во случај тој „да се приближи уште повеќе“ до теснината во однос на моменталната позиција.
„Доколку тој се приближеше, дефинитивно ќе отворивме оган врз него“, рече Калибаф, додавајќи дека ја информирал американската делегација за оваа можност за време на преговорите во Пакистан.
Претходно Иранската револуционерна гарда синоќа соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен поради кршење на прекинот на огнот од страна на САД. Во соопштението, гардата наведува дека неколку бродови поминале низ Ормутскиот теснец завчера, но дека „поради кршење на условите на прекинот на огнот, американскиот непријател не ја укинал поморската блокада на иранските бродови и пристаништа“.
„Затоа Ормутскиот теснец ќе биде затворен сè додека не се укине оваа блокада“, се додава во синоќа објавеното соопштение.
Во исто време, Иранската револуционерна гарда предупреди дека ниту еден брод не смее да се помести од своето сидро во Персискиот Залив и Оманското Море, а приближувањето кон Ормускиот теснец ќе се смета за соработка со непријателот, додека секој брод што ќе ги прекрши овие услови ќе биде цел на напад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата