ГО ПРИЗНА ДЕЛОТО, ПА ДОБИ 8 ГОДИНИ ЗАТВОР - Македонка во Австралија осудена за смртта на 85-годишната соседка

Vecer | 21.08.2026

ГО ПРИЗНА ДЕЛОТО, ПА ДОБИ 8 ГОДИНИ ЗАТВОР - Македонка во Австралија осудена за смртта на 85-годишната соседка
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Милена Богојевска (51) ќе помине најмалку шест години зад решетки во Австралија, откако судот ја осуди на вкупно осум години затвор за убиство од небрежност на нејзината 85-годишна соседка Лолин Вајтхенд. Македонката се изјаснила за виновна за делото, а условен отпуст ќе може да побара дури по истекот на шестгодишниот период.

Случајот се случил во јули 2024 година во Мелбурн. Богојевска ја задушила старицата, а потоа го сокрила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Телото било пронајдено два дена подоцна од рибар.

По смртта на соседката, Богојевска од нејзиниот дом украла пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и iPad-и во вредност од речиси 4.000 австралиски долари.

Судијката Џасинта Форбс нејзиното однесување го опишала како „опортунистичко, пресметано и себично“. Обвинителството првично ја теретело за убиство, но подоцна било прифатено изјаснувањето за убиство од небрежност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk