ФОТО + ВИДЕО | ТРАГЕДИЈА НА АЉАСКА: Чартер-авион се урна кај воена радарска станица, нема преживеани

Vecer | 21.08.2026

ФОТО + ВИДЕО | ТРАГЕДИЈА НА АЉАСКА: Чартер-авион се урна кај воена радарска станица, нема преживеани
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Трагична авионска несреќа се случи во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска, каде чартер-авион се урна во близина на оддалечена воена радарска станица. Според американската војска, во несреќата загинале седум лица, а нема преживеани. Авионот се урнал во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, околу 725 километри западно од Енкориџ.

BREAKING: A small plane carrying eight people crashed in a remote area of western Alaska, killing everyone on board.-ABC. pic.twitter.com/iyUh5SAy8s

— Horizon Wire (@HorizonWireHW) August 21, 2026

Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, околу 725 километри западно од Енкориџ.

Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и долж нејзините граници.

Не се соопштени детали за задачата што ја извршувале лицата во авионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk