logo
logo
logo

Вториот што поднесе оставка поради политички разлики

НА БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР МУ БЕГААТ МИНИСТРИТЕ: Шефот на одбраната Хили е четвртиот што ја напушта владата

Vecer | 11.06.2026

НА БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР МУ БЕГААТ МИНИСТРИТЕ: Шефот на одбраната Хили е четвртиот што ја напушта владата

Џон Хили поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Велика Британија, обвинувајќи го премиерот Кир Стармер дека не успеал правилно да го финансира Планот за инвестиции во одбраната (DIP).

Во писмо до Стармер, Хили наведува дека премиерот „не бил во можност, а Министерството за финансии не било спремно, да ги издвои ресурсите што ѝ се потребни на нацијата за да ја одбрани земјата во ова време на зголемени закани“, пренесе ДПА.

Хили наведе дека во понеделникот попладнето добил финансиска спогодба за DIP која „е многу помала од тоа што е потребно“, со дополнителна поддршка што доаѓа по 2030 година кога „императивот да се забрза подготвеноста за одбрана е во првите две години“.

„Откако ви објаснив дека нема да можам да прифатам спогодба за ДИП што не им ги дава на нашите сили потребните ресурси, сега не ми останува друга опција освен да поднесам оставка од функцијата ваш министер за одбрана“, наведе министерот Хили во оставката, пренесува ДПА

Иако британската Влада се обврза да троши 3,5 отсто од БДП за одбрана до 2035 година, Хили рече дека планот што му беше презентиран во понеделникот се движи премногу бавно, при што трошоците за одбрана се зголемуваат на само 2,68 отсто во 2030 година, откако следната година ќе достигне 2,6 отсто.

Тој додаде дека без Инвестициски план што „одговара на моментот“, тој бил „принуден да донесува одлуки што ќе ја намалат подготвеноста на нашите сили и ќе го зголемат ризикот за персоналот во операциите, а би можеле да ја направат нашата земја помалку безбедна.“

Хили е четвртиот министер во кабинетот што ја напушта владата на Стармер откако дојде на власт и вториот што поднесе оставка поради политички разлики откако Вес Стритинг се повлече од функцијата министер за здравство минатиот месец, поради последиците од поразот на лабуристите на локалните избори, потсетува германската агенција.

Неговото писмо предизвика пофалби од конзервативните членови на парламентот, а поранешните војници меѓу нив: Том Тугендхат и Бен Обез-Џекти, одлуката ја опишаа како „принципиелна“.

Тугендхат, поранешен министер за одбрана, рече дека писмото „јасно наведува дека оваа администрација не успеала“.

„Ја критикував секоја партија за состојбата во која се наоѓаме, но вистината сега е јасна: Самодоволната доверба во мирот е завршена. Мораме да се вооружиме“, наведе Тугендхат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk