Бурата „Бабет“ го погоди југозападниот дел на Велика Британија, оставајќи повеќе од 16.000 домови без електрична енергија и принудувајќи го затворањето на училиштата во Корнвол.
Метеоролозите издадоа портокалово предупредување за силен ветер, додека премиерот предупреди на ризик од поплави и ги советуваше граѓаните да обезбедат залихи во своите домови.
Илјадници домови останаа без струја, а училиштата се затворија откако првата именувана бура оваа година ги погоди бреговите на Обединетото Кралство.
Бурата „Бабет“ донесе екстремни временски услови во делови од југозападниот регион, при што во петокот наутро, на аеродромот „Сент Мерис“ на островите Сили, беа забележани удари на ветерот со брзина од околу 122 км/ч.
Според податоците од „Нешнал грид“ (National Grid), нешто пред 11:00 часот, повеќе од 16.000 домови на југозапад останаа без електрична енергија, пишува „Гардијан“.
Десетици училишта низ Корнвол беа принудени да го одложат почетокот на наставата, додека некои воопшто не ги отворија своите врати.
Метеоролозите издадоа дополнително портокалово предупредување за ветер, кое ќе важи од сабота до недела, додека се приближува втората именувана бура оваа година – „Бабет“. „Можно е да се соочиме со зима со големи поплави, па затоа е важно да се препознаат сите овие ризици и да се преземат соодветни мерки“, предупреди британскиот премиер Енди Бернам, обраќајќи им се на новинарите во петокот.
Watch the moment part of Brighton's West Pier collapses during Storm Austen. More here: https://t.co/rtMP71766n https://t.co/zmwuWFcOGQ
— BBC Sussex (@BBCSussex) October 23, 2026
Владините напори да ги поттикнат граѓаните да направат залихи од храна и основни намирници, кои би се користеле во случај на повеќедневни вонредни состојби, станаа главна вест во текот на ноќта.
За време на самитот организиран со цел да се извлечат поуки од рекордните летни шумски пожари, Бернам беше прашан дали владата заостанува во однос на подготвеноста на цивилниот сектор.
„Не. Разговараме со граѓаните за тоа како подобро да се подготват, бидејќи живееме во свет во кој неочекуваните настани, се чини, стануваат сè почести“, одговори тој.
„Денес, Обединетото Кралство се соочува со невремиња и, се разбира, сочувствуваме со луѓето во Корнвол кои во моментов се без електрична енергија. Едноставно, станува збор за тоа да се имаат потребните залихи дома за да се пребродат вакви моменти – станува збор за отпорност. Токму затоа денес го одржуваме овој самит и затоа ги објавуваме овие насоки за јавноста“, заклучи премиерот.
Од „Нешнал грид“ (National Grid) соопштија дека, заклучно со 8:00 часот во петокот, инженерите ја вратиле електричната енергија во повеќе од 12.000 објекти погодени од невремето „Арвен“. Британската метеоролошка служба во средата издаде портокалово предупредување за силен ветер за Корнвол, Девон и островите Сили, кое стапи на сила во петокот, во периодот помеѓу 1:00 и 10:00 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата