СЛЕТА СО ХЕЛИКОПТЕР НА СОПСТВЕНАТА ЈАХТА ЗА ДА ГО ДОЧЕКА БЕЗОС: Каква е врската меѓу сопствениците на „Амазон“ и „ Вотсап “?

Vecer | 25.08.2026

СЛЕТА СО ХЕЛИКОПТЕР НА СОПСТВЕНАТА ЈАХТА ЗА ДА ГО ДОЧЕКА БЕЗОС: Каква е врската меѓу сопствениците на „Амазон“ и „ Вотсап “?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Џеф Безос, основачот на „Амазон“, во понеделникот ја посети јахтата „Мунрис“ на Јан Кум, компјутерски програмер, милијардер и коосновач на популарната апликација за размена на пораки „ Вотсап “, која е вкотвена кај Млет.

Безос пристигна на јахтата во доцните попладневни часови, во друштво на американскиот медиумски могул и милијардер Бари Дилер. Истиот ден, Јан Кум со хеликоптер слета на својата јахта.

И претходно доаѓале во Хрватска

На Безос не му е непознато хрватското крајбрежје. Пред три години, со својата јахта „Кору“, тој престојуваше во соопствениот залив Полаче кај островот Млет со својата сопруга Лорен Санчез. Истата година парот престојуваше и кај Дубровник. Минатата година парот го посети и Хвар, каде што заминаа во ресторанот „Код барба Луке“ кој се наоѓа во Стари Град.

Во Хрватска претходно бил и Јан Кум. Пред две години, неговата 100-метарска суперјахта беше снимена меѓу островите Лопуд и Шипан. Исто така, пред неколку години дојде на Вир со три луксузни мегајахти, а најскапата, „Мунрис“, е вредна 220 милиони долари. Луксузната јахта е опремена со џакузи и хелидром, а може да прими 15 гости во осум кабини.

50-годишниот милијардер со украинско потекло своето богатство го стекна со продажбата на „WhatsApp“ на „Фејсбук“ во 2014 година за 19,3 милијарди долари. Тој е познат и како голем љубител на луксузни автомобили и поседува една од најголемите колекции на „порше“ во светот со околу стотина автомобили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk