logo
logo
logo

ТАЈФУНОТ „ДУЏУАН“ ГО ПАРАЛИЗИРА ЈАПОНСКИОТ БРЕГ: Спасувачите трагаат по исчезнати во урнатините

Vecer | 22.09.2026

ТАЈФУНОТ „ДУЏУАН“ ГО ПАРАЛИЗИРА ЈАПОНСКИОТ БРЕГ: Спасувачите трагаат по исчезнати во урнатините

Поројните дождови донесени од силниот тајфун што го погоди јапонскиот брег на Тихиот Океан предизвикаа лизгање на земјиштето во кое загинаа четири лица, а шест се водат како исчезнати, објави во вторникот јавниот сервис NHK, додавајќи дека околу 45.000 домаќинства останале без струја.

Тајфунот „Дуџуан“ е најновиот во низата екстремни временски настани во текот на годината одбележана со невообичаено обилни дождови, поплави и тропски циклони што погодија региони ширум светот, од Источна Азија до Северна Америка и Европа.

Жена на возраст од околу 60 години загина откако кал навлезе во нејзиниот дом во градот Јокосука во регионот Канто, по лизгањето на земјиштето во областите Канагава и Чиба, објави телевизијата, додавајќи дека другите три жртви биле на возраст меѓу 50 и 80 години.

Спасувачките екипи расчистуваа урнатини во градот Миура, исто така во префектурата Канагава јужно од Токио, трагајќи по исчезнато лице во куќа погодена од лизгање на земјиштето.

Околу 45.000 домаќинства во тој регион останаа без електрична енергија, соопшти компанијата „Токио електрик пауер“ (Tokyo Electric Power Co.) на својата веб-страница.

Ричард Јонамине (37) изјави дека водата го поплавила неговиот дом во градот Сакура (префектура Чиба) откако блиската река, надојдена од дождот, се излеала од коритото, истакнувајќи дека тоа е неговото единствено такво искуство во повеќе од три децении.

„Стравувам ако почне да врне... Загрижен сум дека штом ќе почне силниот пороен дожд, ситуацијата ќе прерасне во сериозен проблем“, рече Јонамине.

Обилните дождови минатиот месец исто така предизвикаа големи поплави во Чиба, поради што патниците останаа заглавени на прометниот аеродром „Нарита“, а медиумските извештаи покажаа дека повеќе од 10.000 автомобили претрпеле непоправлива штета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk