Цените на нафтата и златото денеска забележаа пад на светските пазари, додека најголем дел од европските берзански индекси тргувањето го завршија во позитивна територија.
Цената на суровата нафта од типот „брент“ се намали за 1,77 проценти и изнесува 98,652 долари за барел, додека американската нафта WTI поевтини за 1,91 процент, на 89,537 долари за барел.
На европските берзи, германскиот индекс DAX порасна за 0,81 процент, францускиот CAC 40 за 0,25 проценти, а британскиот FTSE забележа раст од 0,23 проценти. За разлика од нив, московскиот индекс MOEX падна за 2,61 процент.
На енергетските пазари, европските фјучерси за природен гас со испорака во август на берзата TTF во Амстердам се тргуваа по цена од 62,490 евра за мегават-час.
Во меѓувреме, цената на златото се намали на 4.044,23 долари за тројанска унца, додека пченицата поскапе и достигна цена од 7,0012 долари за бушел, при што еден бушел изнесува 27,216 килограми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата