Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин

Vecer | 12.11.2026

Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Додека американскиот двоец Виткоф-Кушнер замина кај Путин во Москва, околу 50 светски лидери во ирската престолнина разговараат за стратешките предизвици.

Доминантно прашање на собирот на Европската политичка заедница, каде учествува и претседателката Синљановска Давкова е кој европски лидер или група лидери би седналe на преговарачка маса за Украина, откако вчера и завчера остана надвор од преговарачката маса во Абу Даби. Консензус нема, најзигледни фаворити се Кошта и Калас.

-Toa e Aнтонио Кошта, тука е високата претставничка и потпретседателка, која ги претставува безбедносните прашања во Европа. Или пак, знаете лидерите би можеле да изберат поразлично и да ги отворат овие дискусии повторно. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ.

-Би рекла дека поважно од тоа „кој“ е да се осигураме дека ќе зборуваме со обединет, кохерентен и доследен глас. Тоа е тоа што им треба на нашите партнери. И мислам дека тоа ѝ треба на Украина. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент.

Во Даблин забележителен беше оптимизмот од преговорите во Абу Даби, каде што Русија и Украина во посредство со Вашингтон договорија размена на заробени војници од досега најголеми размери, но и натаму без напредок за територијалните прашања.

-Од она што го слушнав од нашата делегација разговорите беа сериозни, а не празни. Постигнат е договор за размена на воени заробеници. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

-Слушнав некои позитивни сигнали од Абу Даби вчера и завчера. Имаме шанса и на средба со Американците да се постигне мир во Европа. Но, тоа е долг пат и по тој пат треба да одиме заедно. , изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Американскиот двоец Виткоф Кушнер, пак, според дел од медиумите, на Путин денеска му предложиле Русија да подготви нов нацрт-договор што ќе ги реши нејзините безбедносни грижи и барања, но исто така ќе утврди какви симетрични чекори е подготвена да преземе за да го деескалира конфликтот и да ја увери Европа дека нема да нападне во иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk